Свет

Трамп ќе го „чисти“ Вашингтон од бездомници

На криминалците им порача дека не мора да се иселат зашто – ќе бидат затворени

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе ги исели бездомниците од главниот град и ќе ги затвори криминалците.

„Бездомниците мора да се иселат, СЕГА. Ќе ве сместиме, но ДАЛЕКУ од главниот град. Криминалци, не мора да се иселувате. Ќе ве ставиме во затвор, каде што ви е местото“, објави Трамп на платформата Truth Social.

Белата куќа одби да објасни какво законско овластување ќе го употреби Трамп за да ги исели луѓето од Вашингтон. Претседателот контролира само земјиште и згради во градот во федерална сопственост.

Според „Community Partnership“, организација која работи на намалување на бездомништвото во Вашингтон, градт со околу 700.000 жители 3.782 луѓе се бездомници.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top