Свет

Трамп: Можеби Шпанија треба да се исфрли од НАТО

Шпанскиот премиер Педро Санчез не сака да се обврзе земјата да издвојува пет проценти за одбрана

Американскит претседател Дпредложи НАТО да размисли за исклучување на Шпанија бидејќи заостанува зад другите членки во однос на воените трошоци.

Во јуни, членовите на Алијансата – која е најмногу финансирана од САД – се согласија значително да ги зголемат воените трошоци, на пет проценти од бруто домашниот производ.

Барањето на Трамп европските членки да трошат повеќе за сопствена одбрана беше прифатено.

Но, шпанскиот премиер Педро Санчез во тоа време рече дека нема да се обврзе на целта од пет проценти, нарекувајќи ја „некомпатибилна со нашата држава на благосостојба и визијата за светот“.

На состанокот во Овалната соба со лидерот на другата најнова членка на НАТО, финскиот претседател Александар Стаб, Трамп рече дека европските лидери мора да ја убедат Шпанија да ги засили своите обврски кон алијансата.

„Ќе мора да почнете да разговарате со Шпанија“, рече Трамп. „Треба да им се јавите и да откриете зошто забошотува“.

„Тие немаат изговор да не го сторат тоа, но тоа е во ред. Искрено, можеби треба да ги исфрлите од НАТО“, додаде американскиот претседател.

Шпанија се приклучи на Северноатлантскиот договор во 1982 година. Западниот сојуз од 32 земји за заедничка одбрана и одвраќање е во фокусот откако Русија ја нападна Украина во 2022 година и ја започна најсмртоносната копнена војна во Европа од Втората светска војна.

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top