Свет

Трамп сака да ги „поткупи“ жителите на Гренланд

Администрацијата на претседателот на СAД, разгледува исплата на жители на Гренланд помеѓу 10.000 и 100.000 долари по лице, во обид да ги убеди да се отцепат од Данска и потенцијално да се приклучат кон САД

 

Според американски медиуми, администрацијата се уште не постигнала конечен договор за сумата што потенцијално би ја понудила или за логистиката за обработка на плаќањата.

Претходно оваа недела, американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја отфрли можноста за употреба на воена сила за преземање на островот.

Тој нагласи дека Вашингтон наместо тоа би сакал да го купи островот, што во моментов е данска територија.

Рубио: Трамп сака да го купи, а не да го окупира Гренланд

 

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

To top