Свет

Трамп сам решил да не го нападне Иран

„Никој не ме убеди. Јас се убедив себеси“, рече американскиот претседател, откако иранските власти се откажале од намерата да обесат 800 луѓе

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлучил да не го бомбардира Иран.

„Никој не ме убеди. Јас се убедив себеси“, рече американскиот претседател, откако иранските власти се откажале од намерата да обесат 800 демонстранти.

„Тие (иранските власти – н.з..) вчера ќе обесеа над 800 луѓе и имам големо почитување за фактот што го откажаа тоа“, додаде тој.

Се очекуваше САД да го нападнат Иран ноќта во четвртокот кон петокот.

Во изминатите неколку дена, Трамп ги охрабруваше демонстрантите дека „помошта е на пат“.

Запрашан дали барањето за помош е сè уште релевантно, Трамп рече: „Ќе видиме“.

Изворите на „Блумберг“ наведуваат дека претседателот претходно разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој побарал одложување на акцијата за да му се даде на Израел време за подготовка во случај на иранска одмазда.

Според израелски претставници, САД сè уште го задржуваат планот за напад врз безбедносни цели во Иран, иако операцијата моментално е замрзната. Американските функционери предупредуваат дека интервенцијата и понатаму останува „на маса“ доколку Иран продолжи со насилства врз демонстрантите.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top