Свет

Трамп со поддршка на Орбан за уште еден премиерски мандат

„Горд сум што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“, напиша американскиот претседател

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го поддржа унграскиот премиер Виктор Орбан пред изборите во Унгарија и во Јапонија.

„ Односите помеѓу Унгарија и САД достигнаа ново ниво на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан“, објави Трамп на неговата платформа „Трут соушл“ (Truth Social).

Парламентарните избори во Унгарија се закажани на 12 април, а Орбан се соочува со најголемиот предизвик во неговото владеење откако партијата Фидес првпат победи на изборите во 2010 година.

Според анкетите, опозициската централно-десничарска партија Тиса има поголем рејтинг од владејачката Фидес. Исто така резултатите од испитувањето на јавното мислење сугерираат дека ултрадесничарската партија Наша татковина може да освои пратенички места.

„Горд сум што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“, напиша американскиот претседател.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top