Свет

Трамп воведува 25% царина за секоја земја што тргува со Иран

Тој додаде дека одлуката е „конечна и не подлежи на жалба“.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека секоја земја што продолжува да тргува со Иран ќе биде подложена на царина од 25% за сите трансакции што ги остварува со Соединетите Американски Држави.

„Стапува во сила веднаш: секоја земја што прави бизнис со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25% за сите зделки склучени со Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Тој додаде дека одлуката е „конечна и не подлежи на жалба“.

 

Оваа мерка доаѓа во време на ескалација на кризата во Иран, каде што масовните антивладини протести траат веќе трета недела, со над 500 загинати демонстранти според американски организации за човекови права и целосна блокада на интернетот и телефонските врски од страна на режимот.

Меѓу најголемите трговски партнери на Иран се Кина, Обединетите Арапски Емирати, Индија и Турција – сите земји со значителен обем на трговија со САД. Потенцијалното воведување на 25% царина би можело значително да ги погодат економските односи на овие држави со САД.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, претходно изјави дека Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран и дека „воздушните напади“ се една од многуте опции на маса.

„Воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на масата на врховниот командант. Тој јасно стави до знаење дека сигурно не сака да гледа луѓе убиени на улиците на Техеран и за жал, тоа е она што го гледаме во моментов“, рече Ливит.

Оваа комбинација од економски притисок (царини) и отворена закана за воена интервенција претставува најостар став на администрацијата на Трамп кон Иран од почетокот на кризата, во време кога режимот во Техеран се соочува со внатрешен бунт и меѓународна изолација.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top