Свет

Трамп: Време е за мир

Американскиот претседател објави на социјална мрежа дека Иран испукал 14 ракети што сите биле пресретнати или пренасочени. Тој, исто така, му се заблагодари на Иран што ги известил САД „рано“ за нападот. „Сакам да му се заблагодарам на Иран што ни даде рано известување, што овозможи да нема изгубени животи и никој да не биде […]

Американскиот претседател објави на социјална мрежа дека Иран испукал 14 ракети што сите биле пресретнати или пренасочени. Тој, исто така, му се заблагодари на Иран што ги известил САД „рано“ за нападот.

„Сакам да му се заблагодарам на Иран што ни даде рано известување, што овозможи да нема изгубени животи и никој да не биде повреден. Можеби Иран сега може да продолжи кон мир и хармонија во регионот, и со ентузијазам ќе го охрабрам Израел да го стори истото“.

Трамп вели дека ниту еден Американец или жител на Катар не бил повреден во нападите на Иран.

„Би сакал да му се заблагодарам на високо почитуваниот емир на Катар за се што направи во потрагата по мир во регионот. Во врска со денешниот напад врз американската база во Катар, со задоволство можам да известам дека, покрај тоа што нема убиени или ранети Американци, што е многу важно, нема убиени или ранети жителли на Катар“.

„Честитки за светот, време е за мир“ објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Најнови вести од: Свет

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

За екоцид ќе се лежи доживотно

За најтешките дела на загадување на животната средина, пропишаната казна се движи од минимум 10 години затвор до долготраен затвор или доживотен затвор – казни што се построги од оние предвидени со релевантната европска директива

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top