Свет

Тројца загинати од Катар пред утрешниот „самит“ за Газа во Египет

Медиумски извор ги побива широко распространетите тврдења дека починатите биле од преговарачкиот тим на Катар за прекин на огнот во Газа

Тројца претставници на Агенцијата „Амири Диван“, највисокото владино тело на Катар, загинаа во сообраќајна несреќа во близина на египетскиот туристички град Шарм ел Шеик на Црвеното Море, соопшти амбасадата на Катар во Египет во соопштение објавено рано во неделата, објави „Тајмс оф Израел“.

Двајца се повредени во несреќата и добиваат медицинска помош во меѓународната болница во градот.

Повредените и телата на починатите ќе бидат пренесени во Доха подоцна денес со катарски авион.

Медиумски извор ги побива широко распространетите тврдења дека починатите биле од преговарачкиот тим на Катар за прекин на огнот во Газа – тие биле обезбедувачи и службеници за протокол, дел од тимот на катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Јасим ал-Тани.

Инцидентот се случува неколку дена откако претставници од Катар, Турција и Египет учествуваа во индиректни разговори во Шарм ел-Шеик што доведоа до договор меѓу Израел и Хамас за првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Газа.

Автомобилот, наводно, бил на пат кон Шарм ел-Шеик, каде што утра ќе се одржи глобален самит за финализирање на договорот, со кој ќе претседаваат Трамп и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

Израел со ракети нападна челници на Хамас во Катар

Најнови вести од: Свет

Нетанјаху: Измислица се тврдењата за непријателство кон христијаните во Израел

Тврди дека Израел е единственото место во регионот каде што христијаните „напредуваат“, додека во соседните арапски земји биле „угнетувани, задушувани, а понекогаш и масакрирани“

Во една од најбогатите земји се враќа ќотекот како дисциплинска мерка во училиштата

Тој додаде дека училиштата ќе ја земат предвид зрелоста на учениците и ќе проценат дали таквата казна може да му помогне на детето да ја разбере сериозноста на своето однесување и да научи од своите грешки.

„Потполно неприфатливо“: Трамп го одби мировниот предлог на Иран

Иранскиот план повикува на прекин на војната на сите фронтови и предвидуваа САД да мора да платат воени репарации, а Техеран, исто така, побарал целосен суверенитет над Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и ослободување на запленетиот ирански имот

To top