Свет

Турската ривиера – мирис на цитрус, најубави плажи и шепот на историјата стар над 2.000 години

Јужниот брег на Турција е една од најшармантните дестинации на Медитеранот. Возењето од Каш до Аланија ветува незаборавни искуства во срцето на регионот Анталија. По должината на овој брег, долг 1.000 километри, има скриени заливи, недопрени плажи, антички чуда и шармантни крајбрежни градови. Овде се нуди незаборавна комбинација на прекрасната медитеранска кујна, водни спортови, параглајдинг […]

Јужниот брег на Турција е една од најшармантните дестинации на Медитеранот. Возењето од Каш до Аланија ветува незаборавни искуства во срцето на регионот Анталија. По должината на овој брег, долг 1.000 километри, има скриени заливи, недопрени плажи, антички чуда и шармантни крајбрежни градови. Овде се нуди незаборавна комбинација на прекрасната медитеранска кујна, водни спортови, параглајдинг и голф, заедно со луксузни сместувачки капацитети и велнес искуства. Анталија е град со најголем број плажи со Сино знаме во светот.

Во Анталија и Далман се наоѓаат двата аеродроми, а вообичаено прва дестинација е Каш, крајбрежен град, кој плени со своите калдрмисани улици, варосани куќи обвиткани со буганвилеи, недопрени плажи каква што е Капуташ, вброена во „40-те најдобри плажи во Европа“ и антички ликиски локалитети како Ксантос, Патара и Мира. Исто така, тој е едно од десетте најдобри места за нуркање во светот, со кристално чиста видливост, жив морски свет и интригантни остатоци од бродоломи.

На околу еден час возење од Каш се наоѓа островот Кекова, дом на потопен антички град сместен во мирна околина, а екскурзиите со кајак се најдобриот начин да се видат подводните урнатини. Следува градот Демре или древниот ликиски град Мира, каде се наоѓа црквата Свети Никола.

По речиси два часа возење, посетителите ги пречекуваат урнатини и дивата плажа Олимп. Веднаш зад нив се наоѓа Чирали, познат по својата долга плажа каде што се гнездат желките Карета карета. Потоа следуваат романтичната Фаселис, некогаш просперитетно римско пристаниште и Кемер, центар за нуркање и возење скутери на вода. Исто така, можете да стигнете до величествената планина Тахтали, каде што возењето со жичарница ве води до еден од највисоките врвови со поглед на морето.

Анталија e динамичен културен центар со шармантен стар град наречен Калеичи. Анталија е град каде сѐ уште се видливи трагите од римската цивилизација. Тука се наоѓа портата на римскиот император Хадријан, а надвор од ѕидините се раскошните вили од отоманскиот период. Јужно од оваа област се наоѓа историско римско пристаниште, со безброј ресторани кои се уживање за љубителите на морската храна. Тука е и луксузниот Белек кој нуди бројни голф-центри и плажи со Сино знаме, додека Сиде нуди археолошки локалитети, кои можат да се посетат и до 22 часот во летниот период како дел од проектот „Ноќни музеи“. Особено е импресивен храмот на Аполон, на зајдисонце, сместен покрај морето.

Продолжувајќи во источниот дел на Аланија може да се пронајдат плажи со Сино знаме, како Инџекум и пештерата Дамлаташ. Турската ривиера нуди комбинација од прекрасна природа и богата историја и е вистински избор за сите со авантуристички дух.

 

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top