Свет

Убиени 93 Палестинци – чекале хуманитарна помош (ВИДЕО)

Ужас во Појасот Газа, каде што речиси два милиона луѓе се речиси целосно зависни од помош за опстанок

Израелските сили отворија вчера оган врз толпи Палестинци кои се обидуваа да добијат хуманитарна помош на палестинската територија разурната од војна.

Притоа загинаа 93 лица, а десетици беа ранети, јавува АФП.

Осумдесет беа убиени додека камиони полни со помош пристигнуваа на север од Појасот Газа.

Девет други беа застрелани во близина на пункт за помош во близина на Рафа на југ, каде што десетици луѓе ги загубија животите само 24 часа претходно.

Најнови вести од: Свет

Трамп би можел пак да го нападне Иран !?

Нови напади врз Иран ниту значително би ја промениле преговарачката позиција на Техеран, ниту би довеле до промена на режимот, тврдат еден претставник на американското разузнавање и уште двајца американски функционери запознаени со проценките на разузнувачките служби

Најнови вести

To top