Свет

Украина во војна отвора поглавја за влез во ЕУ

Комесарката за проширување го пртогласи денешниот ден за „супер вторник“

Денеска е „Супер вторник“ за проширувањето на Европската Унија, поради одржувањето пристапни конференции со четири земји кандидати во ист ден, изјави европската комесарка за проширување на ЕУ,, Марта Кос.

„ За првпат по повеќе од 20 години се одржуваат толку пристапни конференции во еден ден. На денешните конференции учествуваат Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија“,  објави Кос на социјалните мрежи

„Нашите предводнички Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора прават големи чекори напред“, наведе Кос, додавајќи дека Црна Гора е на чело на колоната како најнапредна земја во пристапните преговори.

Еврокомесарката посочи дека Украина и Молдавија го отвораат Кластерот 6, што ги опфаќа областите како одбраната и безбедноста каде, според неа, аргументите за нивното членство во ЕУ се особено силни.

„Албанија ќе ги затвори своите први поглавја, а Црна Гора е цврсто во завршната фаза на формалните преговори, со затворени 18 од вкупно 33 поглавја“, додаде таа.

Кос нагласи дека денешниот моментум мора да се претвори во „конкретни резултати на терен“.

„Денеска е ден и за славење и за поглед кон иднината. Ја имаме поддршката од земјите членки, но само доколку земјите кандидати ги исполнат условите“, заклучи европската комесарка Кос.

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top