Свет

(Видео): Кралицата Максима го имитира Трамп пред камерите и стои до него

Холандската кралица Максима се најде на удар откако на социјалните мрежи се појави видео на кое таа, според многумина, се потсмева на американскиот претседател Доналд Трамп, а сето тоа додека стои до него. Трамп пристигна во Холандија во вторникот на самитот на НАТО, каде што прво присуствуваше на гала вечера, а во појадуваше со кралската […]

Холандската кралица Максима се најде на удар откако на социјалните мрежи се појави видео на кое таа, според многумина, се потсмева на американскиот претседател Доналд Трамп, а сето тоа додека стои до него. Трамп пристигна во Холандија во вторникот на самитот на НАТО, каде што прво присуствуваше на гала вечера, а во појадуваше со кралската двојка, кралот Вилем-Александар и кралицата Максима. Трамп и кралот разменија неколку зборови и се смееја, додека кралицата Максима тивко стоеше до нив со насмевка на лицето.

– Тоа е фотографијата што ја сакаме – рече Трамп, на што кралот одговори: „Се надевам дека добро спиевте“

– Беше одлично, куќата е… – почна Трамп, повторно смеејќи се и заблагодарувајќи им се на присутните. Токму тогаш, камерата сними момент каде што кралицата Максима се чини дека го имитира начинот на кој Трамп ги движи усните додека зборува, израз на лицето за кој многумина мислеа дека е саркастичен.

Ова видео веднаш почна да се шири на социјалните мрежи со голема бризна, а исто така имаше и бројни коментари.

„Колку повеќе ја гледам кралицата Максима како го исмева Трамп, толку посмешно ми е“, „Никогаш не сум бил обожавател на воздржана монархија, но кралицата Максима е закон! Таа се однесува кон него како кон бебе“, „Кралицата Максима! Ја обожавам“, „Кралицата држи дистанца. Се чини дека точно пресметала колку далеку може да се оддалечи од Трамп и да остане во кадарот“, гласеа некои од коментарите на оние кои беа воодушевени од реакцијата на кралицата.

Сепак, не сите ја „славеа кралицата“ и многумина го осудија нејзиното однесување.

„Колку ниско мора да се спуштите за да бидете Кралица на непостоечкиот холандски народ“… Одвратно до срж“, „Ужасно. Гадно“, „Каква ‘Кралица’ е ова“, беа коментарите од другата страна.

Досега никој не се огласил ниту од кралската резиденција ниту од Белата куќа за да го коментира овој инцидент од резиденцијата.

Најнови вести од: Свет

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

За екоцид ќе се лежи доживотно

За најтешките дела на загадување на животната средина, пропишаната казна се движи од минимум 10 години затвор до долготраен затвор или доживотен затвор – казни што се построги од оние предвидени со релевантната европска директива

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top