Свет

(Видео) Ноќеска најголемите досега бомбардирања на Иран – Трамп ја најавува следната цел „специјална Куба“?!

Силни експлозии се слушнаа во Техеран во текот на изминатава ноќ, на 6-ти спроти 7 март 2026 година. Нападите продолжија до раните утрински часови денес. Ова е осми ден од воените дејства во Иран и веќе пошироко на Блискиот Исток. Беше погоден аеродоромот Мехрабад. Воздушни напади беа пријавени и во други ирански градови. „Беа чуени огромни експлозии и беа забележани големи пожари низ Техеран, додека во американско-израелските напади беа погодувани цели во иранскиот главен град од синоќа, до ова саботно утро.“ – објави „Ал Џазира“ утринава. Американскиот министер за финансии Скот Бесент рече дека ноќта била обележана со најголемата кампања на бомбардирање во Иран, насочена кон системи за лансирање ракети и фабрики.

Белата куќа предупредува дека нападите на САД ќе се засилат, како што извести американската телевизија Фокс њуз. Во изјава за општествената мрежа икс ( поранешен твитер) во текот на ноќта, Централната воена команда на САД соопшти дека нејзините сили погодиле повеќе од 3.000 цели во првата седмица од операцијата во Иран и нагласи дека акциите „нема да успорат“.

Вчера американскиот претседател Трамп ја избира следната цел во интервјуто, дадено за американската телевизија Си-Ен-Ен стави до знаење дека неговата цел е „специјална Куба“! „Трамп изјави дека Куба „бргу ќе падне“ и оти американската администрација, по судирот со Иран, ќе го назначи американскиот државен секретар Марко Рубио да води посебна политика кон таа земја.

„Рубио одлично ја врши работата, а следната цел е посебна Куба“, додаде Трамп, осврнувајќи се на Рубио, кој, како што изјави, прво мора да ги заврши претходните задачи пред да ѝ се посвети на Хавана. Во интервјуто за Си-Ен-Ен Трамп рече дека Куба „сака да склучи договор“ и оти САД сега „планираат да интервенираат, за да ги постигнат своите цели по 50 години“.

Видео

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top