Свет

Виткоф тајно се сретнал со протераниот ирански принц!?

Доналд Трамп одби да се сретне лично со Реза Пахлави, велејќи дека тоа не би било соодветно.

 

Претстаникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, минатиот викенд тајно се сретнал со Реза Пахлави, синот на последниот шах на Иран.

Пахлави џуниор го напуштил Иран пред неговиот татко, Мохамед Реза Пахлави, да биде соборен од власт во 1978 година и оттогаш живее претежно во Лос Анџелес и Вашингтон.

Средбата се совпадна со масовните антивладини протести во Иран, за време на кои Реза Пахлави постојано го повикуваше американскиот претседател Доналд Трамп да интервенира во поддршка на демонстрациите.

Порано денес, Трамп повторно јасно стави до знаење дека ќе преземе мерки против Техеран.

Од друга страна, американскиот лидер одби да се сретне лично со Реза Пахлави, велејќи дека тоа не би било соодветно.

Во претходните пораки, чија дистрибуција беше блокирана поради исклучувањето на интернетот од страна на иранските власти, Пахлави рекол дека е подготвен да ја предводи транзицијата.

Тој, исто така, се залага за референдум и ненасилни промени во земјата и ја поздравил можноста Иран да стане уставна монархија со избран, а не наследен, владетел.

„Постои само еден пат кон мир: секуларен, демократски Иран. Денес сум тука за да им се понудам на моите сонародници да ги водам по овој пат кон мир и демократска транзиција“, рече тој во објава на платформата X минатиот јуни.

Засега не се објавени детали за средбата меѓу Пахлави и Виткоф што се одржа за време на викендот.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top