Свет

Во Базел почнува Евровизија – поднесени кривични пријави за закани со смрт

Вечерва, 13 мај, во Базел почнува 69тото издание на Песна на Евровизија. Водителки на годинашниот избор ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе настапат и претставниците на Италија, Шпанија и Швајцарија. Јувал Рафаел, претставничката на Израел на Евровизија, доживеа непријатности и закани во последните денови […]

Вечерва, 13 мај, во Базел почнува 69тото издание на Песна на Евровизија. Водителки на годинашниот избор ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе настапат и претставниците на Италија, Шпанија и Швајцарија.

Јувал Рафаел, претставничката на Израел на Евровизија, доживеа непријатности и закани во последните денови во Базел. Учеството на Израел на Евровизија оваа година привлече огромно внимание, а во неделата во Базел се одржаа протести против учеството на земјата на натпреварот.

Израелскиот радиодифузер „Кан“ денес поднесе пријава до полицијата во Базел во врска со наводни закани со смрт кон израелската претставничка Јувал Рафаел, пренесува Блиц.

Имено, на натпреварот учествуваат 37 земји, а за време на парадата со тиркизниот тепих во неделата, Јувал беше пречекана со исвиркувања, а на видео снимено од член на израелската делегација, се гледа како еден човек мавта со палестинско знаме и покажува палец надолу, а потоа го поминува прстот низ грлото и плука. Овој гест беше протолкуван како закана со смрт, а од полицијата во Базел беше побарано да го истражи случајот.

На учеството на Израел на Евровизија се спротивставија и јавните радиодифузери во Шпанија, Исланд и Словенија, како и 70 поранешни учесници на натпреварот.

Во неделата, на 11 мај, претставниците од 37те земји учеснички на „Евросонг 2025“ се појавија на тиркизнот тепих, а оваа година тој е долг 1,3 километри. Пред почетокот на годинашниот музички натпревар, повеќе од 70 поранешни евровизиски натпреварувачи, вклучувајќи ги и победниците, потпишаа отворено писмо до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во кое побараа Израел да биде исфрлен од натпреварот.

  • Ја разбираме загриженоста и длабоко вкоренетите мислења околу актуелниот судир на Блискиот Исток. ЕБУ не е имуна на глобалните случувања, но заедно со нашите членови, нашата улога е да обезбедиме натпреварот да остане универзален настан којшто промовира врски, различност и вклученост преку музиката. Сите ние се стремиме да ја одржиме „Евровизија“ позитивна и инклузивна и да му покажеме на светот што би можело да биде, а не нужно она што е, соопшти ЕБУ.

Израелската претставничка на „Евровизија“, Јувал Рафаел викендов беше пречекана со демонстрации во Базел поради што израелската телевизија „Кан“ поднесе пријава до тамошната полиција. Рафаел треба да настапи во втората полуфинална вечер в четврток. Јувал Рафаел, која го преживеала нападот на Хамас врз Израел, победи на израелскиот фестивал „Нова“ за учество на годинашниот „Евросонг“.

Една од највпечатливите претставнички на овогодинешната Евровизија е претставничката на Малта Миријана Конте. Таа победи на Евровизија во Малта (MESC) 2025 и ќе ја претставува земјата со песната „Serving“. Миријана победи со песна првично насловена како „Kant“, што на малтешки значи пеење. Малта беше принудена да го промени името на својата песна за изборот откако Европската радиодифузна унија (EBU) побара измени поради потенцијално недоразбирање во врска со англиски збор што има навредливо значење. Оваа година, Малта ќе настапи во втората полуфинална вечер на 15 мај.

Македонија годинава по третпат не учествува на настанот. Земјава последен пат учествуваше на Евровизија во 2022 година, во Италија, кога наша претставничка беше Андреа. Прв претставник на Евровизија беше Владо Јаневски и песната „Не зори, зоро“ во 1998 година.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top