Свет

Во Германија запленети 636 килограми кокаин

Растурена меѓународна нарко-мрежа

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи и германската царинска управа во Минхен спроведоа заедничка истрага против криминална група, осомнена за набавка, криумчарење и продажба на дрога на територијата на Европската Унија и Србија. Како што соопшти српското МВР, соработката започнала на почетокот на 2025 година, кога во Германија, при рутинска контрола на автомобил, биле запленети 16,5 килограми кокаин, а биле приведени две лица.

Натамошната истрага утврдила поврзаност со криминална група која дејствувала во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Врз основа на интензивната размена на информации меѓу српските и германските истражители, германската полиција спроведила акција во која биле уапсени Б.П., Д.Ј. и Ф.У., а при претресите биле запленети 636 килограми кокаин и две парчиња огнено оружје.

Во рамки на истата истрага, на територијата на Србија досега се уапсени седум лица и се запленети 35,6 килограми наркотични средства.

Од српското МВР оценуваат дека акцијата претставува уште една потврда за меѓународната соработка во борбата против трговијата со дрога и најавуваат продолжување на активностите за откривање и процесуирање на припадници на вакви криминални мрежи.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top