Свет

Во Кина изграден највисокиот мост во светот

За споредба – мостот е 9 пати повисоко од светски познатаиот Голден Гејт во Сан Франциско

Висечкиот мост што ја преминува реката Бејпан во длабокиот кањон Хуаџијанг во покраината Гуиџоу предвидено е да се отвори до есен, јавуваат медиуми.

Главната работа на мостот беше завршена уште во април, а неговите главни карактеристики беа формирани: висок е 625 метри (од платформата до површината на водата на реката во клисурата), надминувајќи го претходниот рекордер – мостот Дуге, кој ја преминува истата река 200 км низводно.

За споредба – ова е 9 пати повисоко од светски познатата Голден Гејт во Сан Франциско.

Причина за изградбата на мостот е ревитализацијата на околните рурални области и промоцијата на туризмот, бидејќи е планирано и создавање центар за екстремни спортови на дното на кањонот.

Покраината Гуиџоу моментално е во економска депресија, а поголемиот дел од својата историја беше изолирана од остатокот од Кина поради својот карстен терен.

Моментално, времето за преминување на кањонот е 70 минути, а по отворањето на огромниот мост, тоа ќе се намали на само две минути.

Изградбата започна на 18 јануари 2022 година и се базираше на иновативни технологии кои овозможуваат многу брза работа.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top