Свет

Во поплави 24 загинати, 25 девојчиња исчезнаа (ВИДЕО)

Во рок од 45 минути, реката Гвадалупе се искачи 26 стапки (8 метри) што предизвика катастрофална поплава која однесе имот и животи

Најмалку 24 лица го изгубија животот, а десетици се водат како исчезнати, во ненадејните поплави што погодија делови од централен Тексас во неделата.

Исчезнувањето на околу 25 девојчиња кои беа во летен камп го потврди заменик-гувернерот Ден Патрик.

Досега се спасени повеќе од 237 лица.

„Во рок од 45 минути, реката Гвадалупе се искачи 26 стапки (8 метри) што предизвика катастрофална поплава – однесе имот и, за жал, животи“, рече Патрик на прес-конференција во петокот.

Тој прочита изјава од кампот Мистик, каде престојуваа околу 700 деца, во која се вели дека имало „катастрофални“ поплави а родителите се известени дека ако не се контактирани од властите, нивното дете се смета за безбедно.

„Тоа не значи дека децата се изгубени. Тие може да бидат надвор од домет на комуникација“, додаде заменик-гувернерот.

Властите ги повикаа граѓаните да не рискираат и да не се обидуваат да возат низ поплавените улици.

Се огласи и претседателот Доналд Трамп кој изјави дека тоа што се случило е „Стравично“

Најнови вести од: Свет

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

To top