Свет

До кутија цигари, само со лична карта

Турција е светски вицешампион во употребата на тутунски производи по Индонезија која е на првото место

Турција ќе воведе  продажба на тутунски производи само со презентирање на лична карта, објави заменик-министерот за здравство на Турција, Суајип Биринџи.

Мерката треба да го ограничи пристапот на малолетниците до штетниот производ и генерално да го намали пушењето.

Турција е светски вицешампион во употребата на тутунски производи по Индонезија која е на првото место.

Пушачите пушат во просек по 17 цигари дневно, според податоците презентирани од Биринџи на здравствен конгрес.

И уште пошокантни информации – трошоците на турските домаќинства за тутунски производи изнесуваат 15 милијарди турски лири годишно (283,4 милиони евра), а штетата од пожари предизвикани од неизгаснати отпушоци од цигари е околу 75 милиони евра.

„И покрај сите овие негативни аспекти, употребата на тутунски производи продолжува да се зголемува, и тоа значително кај младите луѓе“, коментираше Биринџи. Според него, ниските цени на цигарите во земјата придонесуваат за високата потрошувачка.

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

To top