Свет

За Трамп европските лидери се слабаци, поддржува само еден

Интервју на американскиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека Европејците се слаби и дека Русија има силна позиција во војната против Украина.

– Мислам дека тие (Европејците) се слаби, но исто така мислам дека сакаат да бидат политички коректни. Не мислам дека знаат што да прават – рече Трамп во интервју емитувано на порталот Политико.

Американскиот претседател ги обвини европските лидери за неактивност, наведувајќи дека имиграцијата ја загрозува одржливоста на неколку европски земји.

Трамп повтори дека инвазијата на Украина никогаш немаше да се случи ако тој беше претседател на САД во 2022 година кога започна инвазијата, тврдејќи дека Киев изгубил „многу стратешка територија“.

Американскиот претседател додаде дека Украина можеби ќе мора да прифати компромис.

Според него, украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да одржи претседателски избори.

– Мислам дека е важно да се одржат избори. Тие ја користат војната како изговор да не се одржат избори. Можеби Зеленски би победил. Не знам кој би победил. Но, тие немале избори долго време. Знаете, тие зборуваат за демократија, но во одреден момент, тоа веќе не е вистинска демократија – рече Трамп.

Тој го критикуваше украинскиот претседател за тоа што не ги проучил најновите мировни предлози.

– Треба да ги прочита. На неговиот тим му се допадна предлогот. Навистина им се допадна – додаде Трамп.

Претседателот на САД обвини неколку европски влади дека им дозволуваат на милиони луѓе да влезат во Европа, осудувајќи ги „катастрофалните имиграциски политики“ кои наводно ги трансформирале градовите како Париз, Лондон и Стокхолм.

Трамп рече дека „Европа е во опаѓање затоа што ја водат слаби лидери“.

 

Во исто време, американскиот претседател ја потврди својата поддршка за европските лидери како што е унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој додаде дека нема планови да ги повлече САД од НАТО, но ја изрази својата желба Европејците „да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана“.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, реагираше на обвинувањата на Трамп дека европските сојузници „зборуваат премногу“ и „испорачуваат премалку“ на Украина.

Запрашан за коментарите за време на говорот во Даблин, каде што се појави заедно со ирскиот премиер Мајкл Мартин, Кошта рече дека „сојузниците мора да се однесуваат како сојузници“.

– Ние сме сојузници на Соединетите Американски Држави и сојузниците мора да се однесуваат како сојузници. Тоа значи дека не треба да се мешаме во внатрешниот политички живот на нашите земји… Ние го почитуваме изборот на Американците и тие мора да го почитуваат демократскиот избор на нашите граѓани – рече тој.

Кошта беше меѓу европските претставници во Брисел синоќа кои разговараа со Володимир Зеленски.

Најнови вести од: Свет

Привремено укинување на санкции за иранската нафта – САД попушта

Иако мерката е временска и ограничена, таа претставува јасен сигнал дека Вашингтон е подготвен на прагматични отстапки на енергетски план, дури и кон држави под санкции, доколку тоа значи стабилизација на глобалниот пазар и заштита од нов ценовен шок. 

Авиокомпанијата кажа дека ги поскапува летовите

Компанијата, како и неколку европски компании, ги суспендираа летовите до погодените региони до крајот на април, меѓу кои се Ербил и Багдад (Ирак), Тел Авив (Израел), Бејрут (Либан), Ријад и Џеда (Саудиска Арабија) и Абу Даби и Дубаи (ОАЕ).

Благ пад на ценaта на нафтата, на што се должи тоа?!

Војната со Иран, која влегува во третата недела, ги зголеми цените на енергијата и ги зголеми стравувањата од глобална инфлација. Загриженоста за снабдувањето со нафта и гас, исто така, расте, со оглед на тоа што Ормутскиот теснец, клучен воден пат за снабдување со енергија меѓу Иран и Оман, е во голема мера затворен.

Нафтата во Дубаи скокна до небо – се искачи на рекордни 166 долари за барел

Иако глобалното референтно ниво на цените на нафтата растеше побавно отколку во Дубаи или Оман, сепак претрпе силен шок. Од почетокот на војната до среда, цената на нафтата Брент за мај се зголеми за повеќе од 48%. Од почетокот на годината до денес, растот е повеќе од 76%.

Почина Чак Норис на 86 години, откако итно бил хоспитализиран во Хаваи

Американскиот актер познат по своите боречки улоги и шегите за неговата моќ кои беа бесконечни, почина на 86-годишна возраст, потврди семејството: „Со тешко срце нашето семејство ја споделува веста за ненадејното починување на нашиот сакан Чак Норис“.

To top