Свет

Зеленски: Киев не е пречка за прекин на војната во Украина

Одговарајќи на прашањето зошто сè уште не е решен најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна, Трамп одговори дека причината е Зеленски

Киев не е и нема да биде пречка за мирот, рече во синоќешното обраќање претседателот на Украина.

Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера наведе дека Украина, а не Русија го забавува евентуалното склучување на мировен договор.

Трамп, одговарајќи на прашањето зошто сè уште не е решен најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна, одговори дека причината е Зеленски.

Зеленски  вели дека телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за дипломатските активности со Америка.

Најнови вести од: Свет

Пресврт во САД и проблеми за Трамп: Демократските кандидати водат во шест од седум клучни држави, дури и во традиционални републикански упоришта!

Само еден ден пред американските избори на средината на мандатот, најновите анкети на „Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“ покажуваат значителна промена во корист на демократите во битката за контрола врз Сенатот.

To top