Свет

Зеленски: Не се плашам од Трамп (ВИДЕО)

Ние не сме непријатели со Америка. Ние сме пријатели. Па зошто да се плашиме, вели украинскиот претседател

 

Во интервју за Гардијан Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги негираше медиумските извештаи за бурна средба во Вашингтон, нагласувајќи дека има добри односи со американскиот претседател.

Зеленски ги негираше тврдењата дека Трамп луто ги отфрлил мапите на бојното поле што му ги презентирала украинската делегација во Белата куќа во октомври.

„Тој не фрли ништо. Сигурен сум“, рече Зеленски, опишувајќи го нивниот однос како „нормален“, „деловен“ и „конструктивен“.

Тој се спротивстави на извештајот на Фајненшл тајмс дека Трамп извршил притисок врз него да ги прифати максималистичките услови на Владимир Путин.

Според украинскиот претседател, целта на средбата била да се презентираат мерки, вклучително и оружје и санкции, што би ја „ослабиле“ Москва и би го принудиле Путин да преговара.

На прашањето дали се плаши од Трамп, со оглед на тоа што, како што вели, „сите во светот“ се плашат, Зеленски одговори:

„Не… ние не сме непријатели со Америка. Ние сме пријатели. Па зошто да се плашиме?“. Тој додаде дека го почитува изборот на американскиот народ и дека САД се долгорочен стратешки партнер на Украина со кој делат длабоки заеднички вредности.

Тој, исто така, откри дека британскиот крал Чарлс Трети му помогнал во градењето врски со Трамп…

Најнови вести од: Свет

Трамп со закана кон Иран: Ако за 48 часа не го отворите Ормутскиот теснец, ќе ви ги уништиме електраните

Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако државата брзо не го отвори Ормускиот Теснец за комерцијален бродски сообраќај. Преминот на танкерите со нафта и гас беше парализиран пред три недели.

Цената на златото и среброто во слободен пад, на што се должи тоа?!

Цената на златото вчера се намали за 2 проценти и достигна околу 4.570 долари за унца, со што е на пат да го достигне најголемиот неделен пад од 1983 година. Ова се случи откако ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми цените на енергијата нагло и ги поткопа надежите за краткорочно намалување на каматните стапки, објави Трејдинг економикс.

Техеран вели дека џабе се олабавени санкции од САД

Аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец, клучен канал за околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, останува затворен. Бесант рече дека привременото укинување на санкциите треба да помогне во ублажување на порастот на цените на нафтата, кои скокнаа за околу 50 проценти на над 100 долари за барел, највисоко од 2022 година, додека САД се подготвуваат за среднорочните избори во ноември.

Привремено укинување на санкции за иранската нафта – САД попушта

Иако мерката е временска и ограничена, таа претставува јасен сигнал дека Вашингтон е подготвен на прагматични отстапки на енергетски план, дури и кон држави под санкции, доколку тоа значи стабилизација на глобалниот пазар и заштита од нов ценовен шок. 

Авиокомпанијата кажа дека ги поскапува летовите

Компанијата, како и неколку европски компании, ги суспендираа летовите до погодените региони до крајот на април, меѓу кои се Ербил и Багдад (Ирак), Тел Авив (Израел), Бејрут (Либан), Ријад и Џеда (Саудиска Арабија) и Абу Даби и Дубаи (ОАЕ).

Благ пад на ценaта на нафтата, на што се должи тоа?!

Војната со Иран, која влегува во третата недела, ги зголеми цените на енергијата и ги зголеми стравувањата од глобална инфлација. Загриженоста за снабдувањето со нафта и гас, исто така, расте, со оглед на тоа што Ормутскиот теснец, клучен воден пат за снабдување со енергија меѓу Иран и Оман, е во голема мера затворен.

To top