Свет

Зеленски: Орбан ја блокира Украина за ЕУ

Користејќи го принципот на едногласност за одлуките за проширување на ЕУ, Украина го блокираше процесот на започнување преговори за пристапување на Украина во ЕУ

Премиерот Виктор Орбан ја блокира европската интеграција на Украина поради изборната кампања во неговата земја.

Ова го изјави претседателот Володимир Зеленски за време на прес-конференцијата во Копенхаген по завршувањето на 7-миот самит на Европската политичка заедница, според Укринформ.

„Што се однесува до блокирањето на нашето приближување кон Европската унија (ЕУ), никој не може да го блокира, бидејќи тоа е волја на Украина и, соодветно, одлука на Европа да ја види Украина како дел од Европската унија во иднина. Но, секако, сè зависи од единството, од заедничката одлука. Имаме одредени проблеми со Унгарија, можеме отворено да разговараме за ова. Бидејќи Виктор Орбан има избори“, рече Зеленски.

Тој, исто така, потсети дека Русија ја започна војната против Украина токму поради желбата на Украина да стане членка на ЕУ.

„Русија ја започна војната поради нашата волја, поради нашиот избор да се движиме кон Европа, бидејќи чувствуваме и ги споделуваме истите вредности како и другите европски земји“, нагласи претседателот.

Унгарија, користејќи го принципот на едногласност за одлуките за проширување на ЕУ, го блокираше процесот на започнување преговори за пристапување на Украина во ЕУ.

ЕУ сепак размислува да започне техничка работа за преговори за членство за Украина и Молдавија, цитирани се европски претставници од „Фајненшл тајмс“ (FT) на 30 септември.

Киев аплицираше за членство во 2022 година, кратко по целосната инвазија на Русија…

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top