Свет

Зеленски: Само Трамп и САД имаат сила да ја завршат војната во Украина

Од почетокот на оваа година, Украина ги поддржува сите решителни чекори и лидерство на американскиот претседател Доналд Трамп и секој силен и фер предлог за завршување на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи се заблагодари на турскиот колега Таип Реџеп Ердога, за вчерашната средба изјавувајчи дека Киев високо го цени учеството на Турција во дипломатската работа за изнаоѓање вистински начини за сигурен и достоинствен крај на војната.

Украинскиот претседател рече дека се подготвува да ги „оживее преговорите“ и да разговара со Ердоган како да се донесе „праведен мир“ во Украина

„Ердоган на средбатѕа предложи формати за разговорот, што јас го поддржав, и за нас е важно Турција да биде подготвена да ја обезбеди потребната платформа. Подготвени сме да работиме во сите други значајни формати што можат да доведат до резултати“,изјави Зеленски.

Но, главната работа за запирање на крвопролевањето и за траен мир е да се работи во координација со сите партнери и американското раководство да остане ефикасно, силно и да го приближи мирот, кој ќе трае долго време и ќе обезбеди безбедност за народот, напиша и Зеленски.

Од почетокот на оваа година, Украина ги поддржува сите решителни чекори и лидерство на американскиот претседател Доналд Трамп, секој силен и фер предлог за завршување на оваа војна. Само претседателот Трамп и САД имаат доволно сила конечно да ја завршат војната.

Инаку, САД се подготвуваат да презентираат нов мировен договор за Украина, објавија медиуми..

Висок функционер на Белата куќа очекува рамката на договорот да биде финализирана до крајот на ноември, можеби дури и оваа недела. Неименуван претставник на Вашингтон не исклучи дека, под поволни услови, ова може да се случи „уште оваа недела“.

Белата куќа и Кремљ тајно работат на план за прекин на војната во Украина

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

Најнови вести

To top