Свет

Зеленски ѝ се закани на Москва дека ќе напаѓа со 1000 дронови дневно

Во моментов, спроведуваме во просек повеќе од 300 такви напади со долг дострел, оваа бројка мора да се зголеми – наведе Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа се закани дека ќе ги интензивира нападите со беспилотни летала длабоко на руска територија.

– Задачата е 1.000 дронови со долг дострел да извршат напади врз Русија. Во моментов, спроведуваме во просек повеќе од 300 такви напади со долг дострел, оваа бројка мора да се зголеми – наведе Зеленски во синоќешното редовно обраќање до нацијата.

Тој додаде дека Украина мора максимално да го искористи оружјето за да ги одбие руските напади.

– Украина мора значително да го зголеми производството на пресретнувачки ракети специјално дизајнирани за спротивставување на руските беспилотни летала – наведе Зеленски.

Најнови вести од: Свет

To top