Свет

Зеленски: Украина ќе биде во ЕУ, со или без Орбан

Сите земји освен Унгарија, кои ја поддржуваат Украина, разбираат како треба да се направи тоа, вели украинскиот претседател

Украина ќе стане членка на Европската унија без оглед на ставот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на прес-конференцијата со холандскиот премиер Дик Шоф.

Зеленски изрази уверување дека унгарскиот народ ја поддржува Украина во секој случај.

„Украина ќе биде во Европската унија, со или без Орбан, бидејќи тоа е избор на украинскиот народ“, нагласи тој.

Зеленски ја коментираше можноста за промена на деловникот, така што за проширувањето на ЕУ нема да биде потребна едногласна одлука.

„Промената на постапката значи наоѓање начин без (Унгарија – н.з.). Кога мнозинството, сите земји освен Унгарија, ја поддржуваат Украина, тие разбираат како треба да се направи тоа“, рече тој, додавајќи дека Украина ги исполнила сите технички барања за отворање на првиот кластер во преговорите за пристапување во ЕУ.

Орбан од своја страна му „одговори“ на Зеленски на социјалната мрежа Икс.

„Зеленски повторно ја користи својата вообичаена тактика на морална уцена за да ги принуди земјите да ги поддржат неговите воени напори. Ниту една земја никогаш не уценувала за да влезе во Европската Унија, а тоа нема да се случи овој пат“, одговори Орбан.

Унгарскиот премиер, исто така, потсети дека на референдумот одржан во јуни унгарскиот народ гласаше против членството на Украина во ЕУ.

„Ако сакате да го промените тоа, тогаш медиумската кампања што ја водите против Унгарија веројатно не е најдобриот начин да стекнете пријатели“, додаде Орбан.

 

 

Најнови вести од: Свет

Рубио за заканите од Иран: Тие се луди религиозни фанатици – Трамп ќе им го спречи сценариото за Хормускиот теснец!

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги коментираше растечките тензии со Иран, велејќи дека заканите на Техеран за трајна контрола на Хормускиот теснец и воведување систем за полнење нема да бидат толерирани. „Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио.

Над 50.000 американски војници на Блискиот Исток

Воени експерти предупредуваат дека дури и 50.000 војници, од кои голем дел се на море, е премал број за каква било голема копнена операција. За споредба, Израел распореди повеќе од 300.000 војници во своите операции во Појасот Газа

Најнови вести

To top