Свет

Зеленски вели дека Иран претставувал „сериозна закана“ за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Иран „активно работи“ против неговата земја со снабдување на Русија со оружје и технологија. Иран претставува „сериозна закана“ за Украина. САД потврдија во септември дека Иран ѝ испорачал на Русија балистички ракети со краток дострел, трансфер што означува ново ниво на воена соработка меѓу Исламската Република и Русија. „Иран […]

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Иран „активно работи“ против неговата земја со снабдување на Русија со оружје и технологија. Иран претставува „сериозна закана“ за Украина.

САД потврдија во септември дека Иран ѝ испорачал на Русија балистички ракети со краток дострел, трансфер што означува ново ниво на воена соработка меѓу Исламската Република и Русија.

„Иран всушност активно работи против нас со снабдување на Русија со оружје и технологија. Ова ги прави сериозна закана. Сепак, ние не бараме ескалација“, рече Зеленски. „Премногу добро ги разбираме разорните последици што може да ги донесе таков конфликт. Човечката цена, загубите, потенцијалните исходи од целосна војна. Но, Иран продолжува да ја поддржува Русија. Овој режим ја овозможува агресијата на Русија со обезбедување оружје и технолошка поддршка. Иран ги користи своите приходи од нафта за финансирање на воените напори.“ „Ова е суровата реалност со која се соочуваме“, додаде тој во интервју за за Newsmax.

Во март 2024 година, беше објавено дека во замена за балистички ракети, Русија можеби е подготвена да му снабди на Иран високотехнолошко руско оружје, што би можело дополнително да го разгори конфликтот на Блискиот Исток, рече Зеленски.

„Што се однесува до тоа дали Русија ќе му помогне на Иран за возврат, тие веќе го прават тоа, искрено. Прашањето е дали ќе го сторат тоа отворено. И ова, според мене, зависи целосно од силата и јасноста на позицијата на Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски.

Интервјуто дојде нколку часови по израелскиот напад врз Иран…

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top