Тема: актуелно

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е реален и развоен, секоја ставка е внимателно проектирана

Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8%, а буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација.

По првпат целосна евиденција: Во Македонија работат 32.383 здравствени работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја објави првата целосна дигитална евиденција на медицинскиот кадар во земјата: вкупно 32.383 вработени лица во јавното и приватното здравство.

Изборот на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата во завршна фаза

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска, на 21 ноември 2025 година, ќе одржи седница, заради утврдување Предлог-листа за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Декларација на ЕФА до Комитетот на министри на Советот на Европа за правата на Македонците во Бугарија и надѕорот врз неа за нивното кршење

„Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) нагласува дека секое затворање, или намалување на меѓународниот надзор врз Бугарија во врска со нејзините постојани кршења на правата на Македонците во Бугарија, во оваа фаза би било прерано и спротивно на обврските, што произлегуваат од член 46 од Конвенцијата. Со тоа се поткопуваат авторитетот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и доверливоста на системот за заштита на човековите права на Советот на Европа.“ – порача европската партија Европска слободна алијанса – ЕФА во „Декларацијата на Работната група за јазични и малцински права на ЕФА околу македонското малцинство во Бугарија“, донесена вчера на 20 ноември 2025 година во врска со претстојниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој треба да се одржи на 2 декември 2025 година.

Европската слободна алијанса го повикува Советот на Европа да продолжи внимателно да ги следи правата на малцинствата во Бугарија!

„Европскиот суд за човекови права утврди дека се прекршени правата на македонското малцинство во Бугарија: Македонците не беа признати, а македонските организации не беа регистрирани. И покрај дадените препораки, сè уште до денес ниту една македонска организација не е успешно регистрирана. Пример е нашата партија- членка на ЕФА ОМО Илинден-Пирин, на која сакаме да ѝ ја потврдиме нашата поддршка и нашата посветеност кон правдата, еднаквоста и правата на малцинствата низ цела Европа.“ – истакна вчера, на 20 ноември 2025 година во својата официјална изјава Европската слободна алијанса – ЕФА, европска политичка партија, која е сочинета од регионални и малцински политички парти од европскиот континент, а меѓу нив и ОМО „Илинден – Пирин од Бугарија.

To top