Тема: актуелно

Тројца тинејџери краделе книги од Државниот архив!

„По претходно добиени сознанија било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на РМ.“ – информира МВР.

Двајца уапсени во Кичево — осомничени за напад со нож! Им нашле дома дрога!

На 04.01.2026 во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево. Тие се сомничат дека околу 13:30 часот во близина на с.Трапчин дол, Кичевско, на место викано „Сеферов бунар“, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево, кој по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето

МАЕИ: Ланската 2025-та, година на борба за одбрана на македонскиот национален идентитет и јазик на Македонците во Албанија

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) го објави Годишниот извештај за својата активност во 2025 година, во кој детално се прикажани активностите, предизвиците и политичките позиции на единствената македонска политичка партија во Република Албанија. Во извештајот се нагласува дека 2025 година била една од најтешките, но и најзначајните години за МАЕИ и за македонската заедница во Албанија, обележана со засилени асимилаторски притисоци, медиумски напади и судски постапки насочени кон замолчување на партијата. „Посебно внимание е посветено на континуираните активности на Република Бугарија за негирање на македонскиот идентитет и обидите за институционална маргинализација на МАЕИ“ – стои во извештајот.

To top