Бизнис

Просечната работна недела во Македонија e 39,5 часа, во ЕУ е 35,9

Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хдрцеговина 41,1, а пократка во Хрватска 37.8

Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа.

Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хдрцеговина 41,1, а пократка во Хрватска 37.8.

Во ЕУ најдолги работни недели има во Грција 39,6 часа, во Бугарија и Полска по 38,7 и во Литванија 38,4. Спротивно на тоа, Холандија има најкратка работна недела 31,9 часа, по што следуваат Данска и Германија со по 33,9 и Австрија со 34,0.

Занимањата со најдолга работна недела во ЕУ биле квалификувани земјоделски, шумарски и рибарски работници (42,0 работни часови), менаџери (40,6) и занимања во вооружените сили (39,4). Спротивно на тоа, најкратките работни недели се забележани во елементарните занимања (31,8), помошни работници (34,0) и услужни и продажни работници (34,5).

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top