Тема: актуелно

Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: стратегиското партнерство ја јакне безбедноста на Македонија!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема, обезбедена во соработка со американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал.

Вчера уапсени шестмина, возеле без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол!

Во текот на вчерашниот ден, полицијата на целата територија на Македонија лиши од слобода шест возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија и еден под дејство на алкохол.

Инфлацијата годинава треба да падне под 3 отсто, очекува Владата

Што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме, вели премиерот.

Гоце Наумовски е нов уставен судија – европскиот правен авторитет ќе внесе европски стандарди во Уставниот суд!

По изборот Наумовски даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно и во согласност со Уставот и законите. Влегувањето на европскиот правен авторитет Наумовски во Уставниот суд е сигнал за насочување кон стручноста, интегритетот и европските стандарди во работата на оваа највисока судска институција во Република Македонија, но и како и чекор кон понатамошно зајакнување на довербата во уставно-судската заштита.

Мицкоски: Рамката за договорот со САД е силна порака дека Македонија е нивниот партнер во регионот!

Усогласената заедничка изјава и рамката за договор за заемна, правична и врамнотежена трговија со САД е силна порака кој е најсилниот нивен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија – изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања што ќе значи за македонската трговија можниот договор со САД за намалување на царините.

Димитриевски: Вршиме притисок врз Брисел за промена на мерките за превозниците

„Во координација со сите земји кандидати за членство во Европската Унија од Западен Балкан веќе подолг период сме организирани да вршиме притисок во Брисел за да се променат мерките што ги засегаат транспортерите. На 11 февруари беа изнесени 50-тина предлози, но сѐ уште нема разбирање од земјите членки. Работата не е завршена.“ – изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитриевски.

To top