Тема: актуелно

Обвинение против градоначалникот на Будимпешта Карачоњ, оти дозволил одржување на „Парада на гордоста“

Унгарските обвинители поднесоа обвинение против либералниот градоначалник на Будимпешта, Гергељ Карачоњ, поради неговата улога во организирањето на собир за правата на ЛГБТК+ заедницата, барајќи изрекување парична казна без одржување судење, соопшти денеска Обвинителството. „Од горд осомничен станав горд обвинет. Очигледно, тоа е цената што мора да се плати во оваа земја кога се залагаме за сопствената слобода и слободата на другите“, напиша Карачоњ на својата официјална фејсбук-профил.

Манасиевски: ССМ и „синдикалецот на батерии“ Трендафилов одбиле 40% зголемување на платите во следните 2 години на штета на работниците!

„Синдикалецот на батерии“ Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната која ја добива благодарејќи на работниците кои членуваат во неговите синдикати, им го сврте грбот и не прифати зголемување на платите во администрацијата за 40% во следните 2 години. Слободан Трендафилов кој е многу гласен кога СДС е во опозиција, а тивок кога тие беа на власт, го одбил предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите на административните службеници за 40% во следните две години. Зошто? Само затоа што не сакал да го потпише новиот колективен договор. – реагираше Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

„МКД.мк:“ ЕУ и ОН замрзнаа финансирање проект на Косово, што му оддава „чест“ на албанскиот нацистички соработник Џафер Дева!

„Поранешниот дом на Џафер Дева, министер за внатрешни работи во колаборационистичката влада на Албанија, требаше да биде претворен во културен центар, пишува ЏТА. Но, по бурните реакции во јавноста, Европската Унија и Обединетите нации го замрзнаа финансирањето за проект што требаше да му оддаде ‘почит’ на албанскиот нацистички соработник во Косово Џафер Дева, кој бил министер за внатрешни работи во колаборационистичката влада на Албанија во 1944 година. Дел од неговите должности било регрутирањето косовски Албанци во единици на Вафен-СС, елитната нацистичка формација поврзана со многубројни злосторства, меѓу другите и против Евреи и Срби.“ – пишува информативниот портал „МКД.мк“.

Министерот Андоновски најавува прва Стратегија за развој на медиумите во Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа, истакна дека Владата постигнала значаен напредок со официјалното препознавање на онлајн медиумите и интернет-порталите во Законот за медиуми.

Ѓорѓиевски: Од утре нов лик на кејот на Вардар, започнува реконструкцијата на спортските терени!

„Кејот на Вардар од утре започнува да добива нов лик! Вечерва, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, извршивме обиколка на кејот на реката Вардар. Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.“ – објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот официјален фејсбук-профил.

Мицкоски: Ако треба да падне Владата, поради „Безбеден град“, подготвен сум на тој ризик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вечерва на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21, зборувајќи за проектот „Безбеден град“, истакна дека е подготвен да понесе ризик дури и да падне владата за проектот.

To top