Делото на светскиот македонист Збигнев Голомб ги урива грчките и сите други негирања на постоењето на македонскиот идентитет и јазик во Балканот и Европа
Денес се навршуваат 32 години од смртта на Збигнев Голомб, големиот пријател на Македонија и научник, за кого Виктор Фридман, неговиот студент и сегашен професор на Универзитетот во Чикаго, ќе каже: „Тој беше еден од најголемите светски експерти за македонскиот јазик.“ Севкупните научни истражувања и научното дело на Голомб претставуваат не само исклучително значајна меѓународна афирмација на постоењето на македонската етничка, јазична и идентитетска засебност во Балканот и Европа, туку и жестока негација на сите шовинистички напади врз македонскиот народ со неговиот македонски јазик и идентитет и култура. Во оваа смисла делото на Голомб е најдобар одговор на негаторските истапи изминативе денови на грчкиот пратеник Андреас Ворилас од партијата „Ники“, кој предизвика остри реакции по неговите оспорувања на македонскиот идентитет и јазик во грчкиот парламент. Во 1958 година Голомб со својата докторска дисертација „Два македонски говора – Сухо и Висока во Солунско“ ги довршил дијалектните испитувања на полскиот македонист Мјечислав Малецки од 1934 година на територијата на етничка Македонија, во Солун, пред сѐ. во околните солунски и села Сухо и Висока, Со таа докторска дисертација Голомб и Малецки пред очите на најшироката американска, европска и севкупна светска научна и политичка јавност го изнесоа постоењето на Македонците со нивниот македонски идентитет и јазик во тој централен дел на Егејска Македонија, денес во Грција, и тоа 68, односно 92 години пред да ги изнесе и Ворилас своите антимакедонски и негаторски ставови.