Тема: блокади

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите на граничните терминали

„Макам-транс“ во објава на Фејсбук наведе дека се повлекуваат од блокадите, бидејќи со одлуката на ЕУ е добиена потврдата која ја очекувале за промени и се заблагодари на сите кои, како што велат,  неуморно во изминатите денови ја дадоа својата поддршка и солидарност со блокадата на граничните премини.

Се наѕира ли крај на проблемите со превозниците од Западен Балкан?!

Според проценките, поради проблемите со режимот на престој на професионалните возачи, економската штета за европската економија се мери до 100 милиони евра дневно, што очигледно стана неодржливо за самите членки на ЕУ.

Утре на пладне балканскиот траспорт под целосна блокада против Шенген правилата на ЕУ

Точно напладне в понеделник, на 26 јанури, превозниците ќе блокираат 10 гранични премини со 370 камиони револтирани поради новите правила за влез и излез од Шенген зоната. Затворени исклучиво за товарен сообраќај ќе бидат премините Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна.

Странските инвеститори во Македонија реагираат на новите правила за влез во „Шенген-зоната“

Македонските превозници в понеделник ќе ги блокираат 9-те гранични премини кон Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Ќе ги придружуваат и колегите од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, со што ќе ги паркираат камионите на границите, најавувајќи целосна блокада на товарниот сообраќај кон Европската Унија.

Забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“

Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот

To top