Тема: инфлација

Инфлацијата во надолна линија, но цените на мало пораснале за 2,8%

Најголем раст на цените во октомври годинава во однос на октомври лани има кај индустриско прехранбените производи од 7,5% и прехранбените производи од 6,7%. Цените на земјоделските производи за една година пораснале за 4,3% а на пијалаците за 1,4%.

Годинава ќе ја завршиме со раст на економијата, но има промена инфлацијата

Народната банка ги ревидираше априлските проекции за економскиот раст за годинава и за инфлацијата. Најновите проекции на централната банка велат дека економијата оваа година ќе има раст 3,5%, наместо 3%, како што беше предвидено во април. Гувернерот Трајко Славески истакна, на среден рок, растот на економијата би забрзал на 4%.

(Видео): Владата го усвои Предлог-буџетот за 2026 година – ќе тежи 6,7 милијарди евра

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на износ од 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).

Има надеж да „спласне“ инфлацијата – мерките во изработка

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а веќе се покренати и одредени постапки.

Инфлацијата во август 4,4 насто, на што се должи тоа?!

Животот продолжува да поскапува. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за живот во август годинава се зголемени за 4,4% во споредба со август лани. Тоа е бројка што директно ја чувствува секое семејство.

Јаневска: Ќе има зголемување на сумата за студентски оброк од следната година

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека постои можност за зголемување на сумата за студентски оброк поради инфлацијата, но тоа би се реализирало следната година.

Инфлацијата во Еврозоната во црвено – Дали ЕЦБ внимателно следи?!

Разликите меѓу земјите-членки на еврозоната остануваат значителни. Естонија ја бележи највисоката инфлација со 6,2%, следена од Хрватска со 4,6%, додека на другата страна Франција и Кипар имаат најниски стапки – 0,8% и -0,1% соодветно.

(Видео): За инфлацијата, за како до нов дом, за УЈП, Катастар – интервју на Гувернерот на Народната банка

Инфлацијата во Македонија е повисока од еврозоната поради сè уште присутните очекувања дека цените ќе растат, вели гувернерот на Народна банка Трајко Славески.

To top