Тема: коалиција Вреди

Ибрахими од Вреди ја предизвика ДУИ: Ќе се повлечеме од изборите, ако покажете која година од вашето владеење е поуспешна од оваа година и пол, откако сме ние на власт!

Останува да се види сега: дали и како Али Ахмети и неговите сопартијци ќе одговорат на овој предизвик, што им се упатува од редовите на коалицијата Вреди?

Вреди бара истрага дали поврзаноста на Ахмети и ДУИ со тендерите на „АС Сењак“ ги загрозува националниот интерес и стабилноста на државата

„Државната комисија за спречување на корупцијата треба да покаже дали работи за граѓаните, или е само декор на криминалната власт. Правдата ќе ги стигне сите вмешани во оваа афера против државата.“ – истакна Беким Фазлиу, претставник на коалицијата Вреди.

„Фол“: Во „Борис Трајковски“ немаше место за сите симпатизери на Вреди да бидат на конвенцијата, но на ЛЕД-екрани и оние надвор можеа да ја следат!

„Високата посетеност се смета како показател за растечката поддршка за коалицијата Вреди, додека конвенцијата беше дочекана со ентузијазам и овации од присутните.“ – нагласува информативниот портал.

Ибрахими до Ахмети и ДУИ: Вие сте алчни, со болни амбиции за моќ и пари, ги уништувате стремежите на албанскиот народ за еднаквост и правда!

Орхан Ибрахими, поранешниот пратеник од редовите на ДПА во Собранието на Македонија, сега основач и еден од тројцата членови на Управниот совет на политичкото движење „Арберија“, кое ѝ се приклучи неодамна на коалицијата Вреди, во својот жесток напад кон ДУИ вели дека таа и не е партија, туку „параполитички субјект“, кој “парадира од 2002 година и сега во секој изборен циклус со чудни коалиции и со анахрони агенди“!

Ибрахими: Успеавме да ги амортизираме обидите на албанската опозиција да предизвикува инциденти спроти локалните избори

„Веќе сум сигурен дека нема да успеат да создадат инциденти. Но, ќе ја држат сцената напната долго време.“ – нагласува лидерот на Алтернатива и еден на челниците на коалицијата Вреди Зеќирија Ибрахими.

Вреди: Корумпираните од ДУИ не донесуваа закон за правична застапеност уште од 2003, оти си ги вработуваа внуците и партиските милитанти!

„Тие го сменија кривичниот законик, за да се спасат себеси и своите, оти се сите корумпирани, а ние ги менуваме законите, за да гарантираме правична застапеност на сите.“ – ја обвинува коалицијата Вреди партијата на Али Ахмети.

Вреди бара Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи и МНР за финансиски злоупотреби

„Некоја структура во државата го штити Бујар Османи, а тоа значи само едно: дека тој е должен некаде, но тоа тоа не се Албанците, или граѓаните на Чаир.“ – нагласува коалицијата Вреди.

Најнови вести

To top