Тема: пруга

Нови хотели и брза пруга – Македонија отвора туристички пат кон Грција

Македонија е меѓу ретките држави кои има двоцифрен раст на бројот на туристи. За само една година, воведена е 21 директна авио дестинација од европските метрополи, а само лани преку Македонија транзитирале преку 10 милиони патници. Ова доволно кажува за посветеноста на Владата за развој на туризмот, истакана вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

ЕУ го поздравува проектот за железничко поврзување на Скопје и Софија

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија, што вчера во Ѓуешево го сторија заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, и на банките кредитори на проектот за железничко поврзување на двете држави.

Брза пруга на Коридор 10, зелени гранични ленти и нови транспортни врски, најави заменик-претседателот на Владата

Според Министерството за транспорт, изградбата на брза пруга на Коридорот 10 ќе значи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа.

Какво ќе биде чувството да се патува со воз од Паланка до Деве Баир низ тунели и мостови?!

Првата делница од пругата кон Бугарија – од Куманово до Бељаковце беше пуштена во јануари годинава, а на втората делница се завршени 30 проценти од градежните работи и веќе е надминат конструкторскиот проблем со столбовите изградени пред 30-ина години на мостовите во близина на Кратово.

Од Скопје до Кичево повторно ќе има воз, целосно ќе се обнови пругата која скапуваше со години

Комплетно, од корен ќе се обнови пругата кон Кичево која скапуваше со години. ЕБРД ќе биде водечка финансиска институција за изработка на подготвителната документација. Таа ќе избере фирма консултант за изработка а сите документи за 18 месеци по што ќе почне реконструкцијата.

„Не се откажавме од проектот Вардарска долина“ вели министерката Божиновска

„Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија“, одговори денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот „Вардарска долина“ на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10, пренсе МИА. По повод една година од основањето на Министерството, Божиновска истакна дека […]

To top