Тема: швајцарија

Македонски државјанин пукал вчера од автомобил кон група луѓе во Егл, Швајцарија – по филмска потера уапсен!

По тежок оружен инцидент, кој се случил вчера, на 5 март 2026 година, државјанин на Македонија бил уапсен во Швајцарија. Според полициските информации, 34-годишниот осомничен, од автомобил пукал кон група луѓе. Потоа уследила вистинска драма низ улиците. Настанот се случил околу 13 часот во индустриската зона на градот Егл. Првичните информации од надлежните укажуваат дека мотивот за пукањето е претходна меѓусебна расправија. Притоа немало повредени лица.

Од грабеж до затворска „терапија“: необична мотивација на осудениот Македонец

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај: млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор за серија грабежи и други кривични дела.

Шокантни детали за ужасната трагедија во Кран Монтана во Швајцарија: Газдарицата бегала со пари и уништувала докази, додека 40 млади гореле!

Се појавија нови информации за трагичниот пожар во Кран Монтана, Швајцарија, каде што 40 лица, претежно млади луѓе, ги загубија животите на новогодишната ноќ во клубот „Ле Констеласион “. Според италијанскиот весник „Република“, безбедносните камери наводно ја снимиле сопственичката Џесика Морети како го напушта запалениот клуб, носејќи каса со пари во рацете.

Сведоштво на француски турист за пожарот во Кран-Монтана(ВИДЕО)

Француски туристи кои случајно се нашле во близина на пожарот во швајцарското алпско одморалиште Кран-Монтана опишаа драматични сцени и помошта што ја пружиле на жртвите пред пристигнувањето на итните служби. Тие истакнаа дека траумата од виденото ќе ја носат цел живот.

Идентификувани 113 пoвредени во пожарот во Швајцарија, меѓу нив нема македонски државјани

Смртоносниот пожар што избувна во бар во швајцарското алпско одморалиште Кран Монтана за време на прославата на Новата година, во кој загинаа најмалку 47 лица, веројатно е предизвикан од прскалки поставани на шишиња шампањ кои биле преблиску до плафонот и го запалиле, соопштија синоќа швајцарските власти.

To top