Тема: топ

Советот на јавни обвинители испрати до Владата позитивни мислења за Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристовска, Ненад Савевски и Лидија Раичевиќ

Советот на јавните обвинители ги разгледа пријавите на петте кандидати за нов државен јавен обвинител. Дадено е позитивно мислење за кандидатурите на в.д. државната јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски и обвинителката од скопското Обвинителство Лидија Раичевиќ. Разгледувајќи ја кандидатурата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, Советот на јавните обвинители едногласно одлучи дека тој не го исполнува условот за непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавeн обвинител, или како судиja од областа на кривичното право.

Мицкоски – Варнс: Заедничка заложба за јакнење на односите и партнерството меѓу Македонија и САД во области од заемен интерес

Унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес биле темите за кои разговарале денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави Никол Варнс.

Холандскиот министер за одбрана: Ф-35 може да биде „хакиран“ како Ајфон(ВИДЕО)

Холандскиот министер за одбрана Гијс Туинман ја изненади јавноста со изјава дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи дека авионот буквално би можел да биде „хакиран“ како Ајфон.

ВМРО-ДПМНЕ: Колку години теба за да складираш 30 тони марихуана

За да се складира толку дрога, колку што беа запленети, треба да помине процес од околу четири до пет години, а тоа значи дека фирмата на Котев противзаконски работела уште од времето кога Филипче и Заев беа власт

To top