Тема: топ

Убиецот го викнал внукот дома – инсистирал тој да го донесе и син му

Полицијата соопшти дека 62-годишниот вујко часови претходно, околу 15 часот, му се јавил на неговиот внук од сестра од Прилеп, при што истиот го поканил да оди во неговиот дом во Прилеп, но инсистирал со себе да го поведе и неговиот малолетен син, односно внук од сестра.

(Фото): Пуштени првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани кон Охрид, со прекин кај Ботун, официјално беа пуштени во употреба. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека само за една година успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти во Македонија.

Анкета на МКД.МК: Позитивен одзив кај граѓаните за проектот со Велика Британија

Македонските граѓани го поддржуваат потпишувањето на Македонија на стратешкото партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за стратешки инфраструктурни проекти. Повеќе од 41 отсто од испитаниците од истражувањето на МКД.мк, кое го изврши агенцијата Маркет вижн, целосно или делумно го поддржуваат овој проект. Негативен одговор дадоа 29,1 отсто од испитаниците. По новинарските […]

Каква сезона може да очекуваат лозарите кои со душа го чекаа родот?!

Родот би требало да биде далеку од рекордните 150 – 200 милиони килограми, но треба да стигнеме од 100 до 110 милиони килограми. Според првичните информации, цената ќе биде за нијанса повисока од лани.

Битола добива историски инвестиции вредни 11,5 милиони евра

Во фокусот на новите инвестиции се образованието, спортот, патната инфраструктура и урбаниот развој. Ќе се градат три нови типски училишни спортски сали, девет училишни спортски игралишта, ќе се реконструираат постојни терени и ќе се уреди нова атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“.

To top