Тема: ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ бара „правична и непристрасна постапка“ за Груби, ВМРО ДПМНЕ посочува дека ќе одговара за сите милиони евра, кои ги украл!

ДУИ „позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби, да се врати во земјата“, оценувајќи дека „со тоа се создава можност да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат прашањата преку транспарентна, правична и непристрасна постапка“. ВМРО ДПМНЕ денес реагираше по апсењето на Артан Груби: „Тој важи како  олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, и конечно ќе се соочи со правдата. Криминалот на бегалецот од правдата Груби достигна над 8 милиони евра. Има укажувања дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, украдени од граѓаните. Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија, освен што местеле милионски тендери, е и исплаќање аванси на деловни соработници. За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник. Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност.“

(Видео): Заев и СДСМ беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во времето на Зоран Заев и СДСМ, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа. Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени, велат од владејачката партија.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

ВМРО ДПМНЕ: Ленче Ристоска да не глуми и да не лобира кај наши функционери, поминаа времињата на СЈО!

„Ленче Ристоска која е навикната на подобноста од времето на Специјалното јавно обвинителство, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет, професионалност и одговорност да извршуваат функција на државен јавен обвинител.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Функционерските плати нема пак да пораснат, зошто ССМ ги премолчи фактите од 2024 година?!

За колку проценти пораснала просечната плата, за толку ќе се намалат коефициентите за функционерите. И годинава нема да се зголемуваат платите на премиерот, министрите, пратениците, судиите, обвинителите, градоначалниците. Власта прво ќе ја чека пресметката на Државна статистика. Оттаму утре ќе објават колку изнесува просечната нето плата за 2025-та.

(Видео): Работниците не добија ветувања, добија повисоки плати, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По две години управување со државата, не зборуваме за барања – зборуваме за реализирани договори и за зголемени плати во повеќе сектори, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Пратениците пак се скараа за парите – СДСМ бара 600 евра минималец, ВМРО-ДПМНЕ смета дека платите мора да растат според економските параметри

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, од собраниската говорница порача дека дебатата за минималната плата е политички инструирана и не ја отсликува реалната слика на пазарот на труд. Одговарајќи на пратеничко прашање од Левица, тој изнесе податоци според кои бројот на луѓе кои живеат само од минимална плата е занемарлив.

Стојаноски: Со над 40 амандмани ги заштитивме зголемувањата на платите, факти кои денес ССМ ги премолчува!

„Денес повторно сме должни да ја кажеме вистината. Истите тие кои денес зборуваат за недостиг од социјален дијалог, ги потсетуваме на јануари 2024 година, кога тогашната влада на СДС и ДУИ поднесе пакет закони со кои сакаше суштински да ја смени методологијата за пресметката на платите.“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојановски во денешното обраќање до јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче летаа со државен хеликоптер од Скопје до Прилеп, ДУИ користеше авион до Ниш, но заврши времето на злоупотреби!

СДС повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија. СДС без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста добро памети дека Заев и Филипче одеа на настани во Македонија со државен хеликоптер. ДУИ владиниот авион го користеше и за летови до Ниш. Јавноста добро се сеќава дека од 30 дена, владиниот авион ексминистрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

ВМРО ДПМНЕ: СДС, насочена кон пропаст, направи катастрофални грешки и штети во образованието, го решаваме и овој проблем

Наместо кон напредок СДС е партија, насочена кон пропаст. Меѓу низата направени катастрофални штети на државата, е и Законот за високо образование. Го донесоа во 2018 година, предизвикаа драстично намалување на квалитетот на високото образование во Македонија и го избришаа единствениот македонски универзитет од пошироката Шангајска ранг листа. Промени се потребни, тоа е општата констатација на целата научна и академска фела во државата. Тим од над 60 академски професори, експерти и претставници на институции, органи и на студентите, изработија предлог законско решение, за кое во тек е јавна дебата. Ниту е конечно, ниту насилно ќе се истурка, како што СДС милува да паничи во јавноста, соопшти ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести

To top