Архива за: 24.08.2025

Унгарската компанија „4иГ“ единствена дала понуда за трет мобилен оператор

Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава, според условите од тендерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година. Министерот за транспорт кажа дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија.

ДИК го изгласа Упатството за намален број на советници, Шеху од ДУИ ќе го оспори пред Управен суд

Претседателот на ДИК Борис Кондарко нагласи дека тие немаат ингеренции да навлегуваат во содржината на одлуката на Владата на Македонија и оти немаат друга законска можност освен да постапуваат врз основа на неа

Османи: Преку Филков, Мицкоски пушти пробен балон, целта е да се демонтира Охридскиот договор

Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи и кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, изрази силна загриженост за изјавите поврзани со Бадентеровото мнозинство, оценувајќи ги како дел од план за поткопување на Охридскиот рамковен договор.

Просечната плата во Македонија стигна 740 евра – но дали секој ги добива овие пари?!

Намалување на просечната бруто-плата, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување за 8,2 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,1 отсто и транспорт и складирање за 2 отсто.

Николоски: Постојните мобилни оператори не направија ништо да ги намалат цените

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по денешното отворање на понудите за тендерот за нов мобилен оператор, на кој единствен учесник беше „ОНЕ Македонија телекомуникации“, изјави дека конкуренцијата е клучна за пазарот и дека очекува намалување на цените за услугите во мобилната телефонија.

To top