Архива за: 23.08.2025

Премиерот Мицкоски денес на увид во санацијата на хидросистемот Ѓавато во Дојран, запуштен цели седум години претходно

Хидросистемот Ѓавато и проектот за спас на Дојранското езеро се проект на Владата на Република Македонија, на кој му се придава особено внимание.

Струшките вечери на поезијата денес: средби со добитниците на „Златниот венец“ за 2025 Иван Штрпка и Катица Ќулавкова на наградата „Браќа Миладиновци” за 2024

Овој светски познат фестивал на поезијата во Струга ќе трае до 25 август и на него ќе бидат застапени 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, Република Македонија и регионот на Балканот.

Силјановска-Давкова: Струшката поетска приказна е најдобриот пример на Делчевиот културен натпревар меѓу народите во ова време на судири и војни

Потсетувајќи ги, како што рече, „оние, кои не веруваат во силата на зборот“, шефицата на македонската држава укажа во својата реч дека „на почетокот беше речта, а потоа забранетите книги“. „Меѓу нив е и Абецедарот, издаден во 1925 година во Атина, под притисок на Лигата на народите, којшто бил веднаш запленет и уништен, токму поради моќта на зборовите да го оживеат македонскиот јазик и идентитет кај децата – Македонци.“ – нагласи Гордана Силјановска-Давкова.

Француските винари се „длабоко разочарани“ од царинскиот договор меѓу САД и ЕУ

Француската федерација на извозници на вино и жестоки пијалоци (FEVS) денес изрази „огромна разочараност“ поради неуспехот на Европската Унија да обезбеди ослободување од царински давачки за овој сектор, кој сега ќе се соочи со царина од 15 проценти при извозот во Соединетите Американски Држави.

(Фото): Во пожар изгореа 45 сандаци со пчели и една куќа

Откако огнот успешно беше изгаснат во селото, истиот успеа да се префрли во северниот дел од шумскиот појас и постои реална опасност пожарот да го зафати бачилото на еден наш соселанец, кое се наоѓа на околу два километри од огненото жариште – истакна Димче Стојкоски, претседател на МЗ село Душогубица.

To top