Архива за: 24.09.2025

Македонската правда под прашање: ВМРО-ДПМНЕ реагира на скандалот со Пешевска

ВМРО-ДПМНЕ издаде соопштение во кое тврди дека судството и обвинителството работат исклучиво под диктат на СДС и ДУИ, а правосудниот систем не е расположен да донесува пресуди во полза на обичните граѓани.

Американците се враќаат на Месечината

НАСА ги објави имињата 10 нови кандидати за астронаути, избрани од 8.000, кои ќе се приклучат на нејзините редови во клучен момент додека агенцијата се подготвува да се врати на Месечината како и за првата човечка мисија на Марс

САД повикуваат на арапска поддршка за иднината на Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ќе им го претстави на арапските и муслиманските лидери предлогот за мир и поствоена управа во Газа, пренесува Аксиос, повикувајќи се на американски и арапски претставници.

Македонската независност прославена во Брисел: Чествување на идентитетот и традицијата

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на референдум ја потврдија својата посветеност на независноста, отворајќи го патот кон изградба на модерна, суверена и демократска држава – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео обраќање на приемот одржан синоќа во зградата на Градскиот совет на Брисел по повод Денот на македонската независност – 8 Септември.

Албанија со устав бара да не бидат дискриминирани Албанците во други држави, а тамошните Македонци се жалат токму на тоа, дека се граѓани од втор ред! (4)

Попретседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија Ендрит Фетаху на најјасен можен начин укажува зошто мора да се вратат во уставот на Македонија не само Македонците од Албанија, туку и од сите други балкански држави, заедно со грижата на државата за нив и нивните права, како што и се случи пред 30 години со усвојувањето на амандманот 58 на уставот: за да се одржи во живот македонската кауза во Албанија, но и во Бугарија, Грција, Косово и секаде каде што живеат Македонците во Балканот заедно со својот македонски етнички идентитет и мајчиниот македонски јазик.

To top