Архива за: 29.05.2026

Матура 2026: Tри испити, една генерација и старото прашање – Што навистина проверуваме?!

Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од државната матура за повеќе од 14.500 матуранти во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. Првиот екстерен испит ќе се полага на 6 јуни од 9 часот, а учениците ќе избираат меѓу странски јазик, математика или историја, во зависност од типот на матурата. Најголем дел од кандидатите – 13.208 се пријавени за англиски јазик.

Премиерот очекува детали за идејата за постепена интеграција во ЕУ на самитот во Тиват

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ги следи новите идеи за проширување на Европската Унија, но оцени дека е рано за коментари сè додека предлозите не добијат официјална форма.

ЕК ја казнува Бугарија – лажела за буџетскиот дефицит за да влезе во еврозоната

На 3 јуни следната недела, Европската комисија ќе објави извештај со кој ќе се покрене постапка за прекумерниот дефицит на Бугарија зашто дефицитот е над 3% и ќе биде предмет на редовно следење со санкции, предупреди Радев

Пресуда за исламистот со потекло од Македонија кој сакал да убива на концерт на Тејлор Свифт

Поротата го прогласи 21-годишниот Австриец за виновен по сите обвиненија во четврток вечерта, друг обвинет беше осуден на дванаесет години затвор за формирање заговор во име на џихадистичката милиција Исламска држава (ИС)

Груевски е унгарски државјанин, неговата екстрадиција е речиси невозможна

Доколку политичкиот азил биде укинат, одземањето државјанство е далеку потешка правна постапка и ѕоа му обезбедува ниво на заштита што го прави имун на ветувањата на новиот унгарски премиер Маѓар за екстрадиција

To top