Архива за: 06.06.2026

(Фото): Антонио Кошта слета во Скопје

Во Скопје Кошта допатува од Тирана, а посетата ја почна од Сараево. Утре, Кошта ќе се упати кон Приштина, а в четврток ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора. На 5 јуни Кошта ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан, чија главна тема е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“

ССМ: Македонија е меѓу најлошите држави во светот за работниците

Од Синдикатот велат дека „и оваа година забележано е формирање и дејствување на жолт синдикат и тоа под политичка наредба, како и забележано е присилување на работниците да се приклучат на таквиот жолт синдикат кој наместо да работи во интерес на работниците, работи во интерес на газдите и политичката партија под чија наредба и се формирал, односно онаа политичка партија којашто е на власт“.

Над 40 милиони евра за 10.000 луѓе предвидени со Оперативниот план за вработување

Годинава целта на Оперативниот план е развојот на претприемништвото и самовработувањето. За оваа намена предвидена е поддршка за над 2.000 лица преку мерките за самовработување, вклучително и за млади лица до 29 години, лица над 29 години и здружување на корисници во трговски друштва. Преку овие мерки се обезбедуваат грантови до 615.000 денари за основање сопствен бизнис, како и поддршка до 1.230.000 денари за здружување на повеќе корисници во заеднички бизнис.

Владата најави санкции за компаниите кои нудат плати под минималната

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека ниту една компанија не смее да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална плата и најави контроли и санкции доколку биде констатирано дека навистина се нудат работни места за плати под минималната.

Се врши претрес кај Стефан Богоев поради истрага за сомнежи околу тендерски злоупотреби

Надлежните институции засега не откриваат повеќе детали за предметот, а во текот на денот се очекуваат официјални информации од Финансиската полиција и Обвинителството за конкретните сомнежи и за опфатот на истрагата.

Пелегрини: Поддршка за Македонија, и исти правила за сите

Словачкиот претседател Петер Пелегрини изјави дека Словачка ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија како пријател, партнер и сојузник, но и дека проширувањето на Европската Унија мора да биде фер, предвидливо и засновано на исти правила за сите кандидати.

Претседателката од Братислава: Нема отстапки на идентитетот и јазикот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека Македонија останува цврсто определена кон членството во Европската Унија, но очекува да биде третирана рамноправно и да биде оценувана според Копенхашките критериуми, а не преку билатерални спорови и идентитетски прашања.

To top