Бизнис

MTEL им подарува SkyShowtime на корисниците – повеќе филмови, серии и забава

Од 16 ноември, корисниците што ќе склучат договор за mSAT, MOVE, mBOX или mCONNECT ќе добијат ваучер за пристап до SkyShowtime Standard пакетот без дополнителен надомест во текот на промотивниот период. Така ќе можат да уживаат во широк избор меѓународни филмови и ТВ содржини.

MTEL продолжува да ја збогатува својата понуда и да воведува нови придобивки за корисниците, овој пат преку партнерството со европската стриминг услуга SkyShowtime. Со оваа иницијатива, MTEL им нуди на своите корисници уште поширок избор квалитетна забава, достапна во секое време и на повеќе уреди. Од 16 ноември 2026 година, сите што ќе склучат договор за mSAT, MOVE, mBOX или mCONNECT ќе добијат ваучер за активирање на SkyShowtime Standard пакетот, согласно условите на промоцијата. Кодот за активација корисниците го добиваат преку SMS порака по склучувањето на договорот, со што активацијата е брза и едноставна.

Дополнително, корисниците на MOVE добиваат пристап до два нови ТВ канали, SkyShowtime 1 и SkyShowtime 2. Тие ја збогатуваат нивната ТВ понуда со внимателно избрани филмски премиери, популарни серии и забавни ТВ содржини.

Со SkyShowtime Standard пакетот, корисниците уживаат во забава без реклами во HD квалитет преку апликацијата SkyShowtime. Можат да преземат до 30 наслови за гледање без интернет и да гледаат на два уреди истовремено, вклучувајќи мобилни телефони, таблети, компјутери и паметни телевизори. Така имаат поголема флексибилност да уживаат во омилената забава кога и каде сакаат.

SkyShowtime обединува богата библиотека филмови, серии и оригинални продукции од едни од најпознатите светски продукциски куќи и студија, меѓу кои Universal Pictures, DreamWorks, Sky Studios, Peacock, Nickelodeon, SHOWTIME, Paramount+ и Paramount, a Skydance Corporation.

Посебна придобивка за домашната публика е што одбрани наслови на SkyShowtime се достапни со превод на македонски јазик, за уште попријатно гледање.

Со ова партнерство MTEL уште еднаш ја потврдува посветеноста да нуди повеќе од телекомуникациски услуги. Создава додадена вредност за корисниците преку пристап до современи дигитални услуги, квалитетни содржини и глобално препознатливи платформи за забава.

  • „Наша цел е постојано да ја унапредуваме понудата и да им обезбедуваме на корисниците дополнителни придобивки кои го прават нивното секојдневие побогато и поедноставно. Партнерството со SkyShowtime е уште еден чекор во таа насока. Веруваме дека пристапот до врвни филмови, серии и забава за целото семејство ќе биде значајна придобивка за нашите корисници и уште една причина да го изберат MTEL со секој склучен договор“, изјавија од MTEL.

Повеќе информации за понудата, вклучително и целосните услови на промоцијата, се достапни на страницата на MTEL за SkyShowtime, [линк до MTEL микросајтот], на официјалната веб-страница www.mtel.mk или на контакт центарот 15010. Корисниците можат да го активираат ваучерот на www.skyshowtime.com/mk/mtelmk.

За SkyShowtime

SkyShowtime е најновата европска стриминг услуга. Како заедничко вложување на Comcast и Paramount, a Skydance Corporation, SkyShowtime го носи најдоброто од холивудската и локалната забава на едно место.

Од филмови и оригинални серии на познатите брендови Universal Pictures, Paramount, a Skydance Corporation, Nickelodeon, DreamWorks Animation, Paramount+, SHOWTIME®, Sky Studios и Peacock, до оригинални серии на SkyShowtime, SkyShowtime е новиот европски дом за премиум забава.

Лансиран на сите свои пазари во 2023 година, SkyShowtime е достапен во: Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.

Најнови вести од: Бизнис

Првата аукција на 30 ноември – Народна банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Најнови вести

To top