Македонија

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите и народите на Балканот сè уште не успеваат да изградат соработка за заедничка и посигурна иднина.

Оваа порака синоќа упати лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на панел-дискусијата организирана од Аналитичкиот центар „Абдулаким Адеми“, пренесе ТВ21

За опасностите од дрогата и организираниот криминал, Ахмети укажа на парадоксот со кој се соочува регионот – криминалците соработуваат без оглед на етничката припадност, додека политичарите и народите не успеваат да го сторат истото.

„Дрогата не е опасност само за едни, туку за сите нас. За жал, денес криминалците соработуваат меѓусебно, без разлика на етничката припадност – нивниот криминал е мултиетнички“, истакна Ахмети.

Тој нагласи дека токму отсуството на соработка меѓу народите и нивните политички претставници претставува една од трагедиите на Балканот.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

УКИМ не платил сметки за струја, ако не се плати долгот – факултетите ќе останат во мрак

Дел од државните факултети и Ректоратот од утринава се во мрак поради неплатени сметки за електрична енергија. Ова за Телма го потврдија и од ЕВН. Без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно – математичкиот, земјоделскиот факултет, но и зградата на Ректоратот.

To top