Бизнис

Живејачката поскапува: Растат и синдикалната и владината кошница

Расте и владината потрошувачка кошничка, ама е пониска за 11 илјади денари од синдикалната.

Растат и синдикалната минимална кошница и владината потрошувачка кошница, но разликата меѓу двете пресметки и натаму останува поголема од 11.000 денари. Според Сојузот на синдикатите на Македонија, за покривање на основните месечни трошоци во ноември биле потребни 70.827 денари, додека според податоците што ги објави Министерството за економија и труд, просечната потрошувачка кошница во октомври изнесувала 59.149 денари.

Колку навистина чини животот во Македонија и натаму зависи од тоа која кошница се гледа. Најновите податоци покажуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември е за 469 денари повисока во споредба со октомври, кога изнесувала 70.358 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. Ако се пресметаат и трошоците за изнајмување стан од 60 квадратни метри, вредноста на синдикалната минимална кошница достигнува 86.202 денари. Од таа сума, за станарина, вода, електрична енергија и греење се потребни 21.754 денари.

Според пресметките на ССМ, домаќинствата за храна и пијалаци издвојуваат 25.902 денари, за режиски трошоци 6.379 денари, а за транспорт 5.105 денари.

Во меѓувреме, просечната потрошувачка кошница во октомври изнесувала 59.149 денари, што е за 942 денари или 1,6 проценти повеќе во споредба со септември, информираше министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. На брифинг со медиумите, Дурмиши посочи дека најголем раст е забележан кај храната и пијалаците, особено кај зеленчукот и овошјето. Зголемување има и во категориите домување, облека и обувки, рекреација и култура, како и кај електричната енергија, гасот и другите горива. Тој нагласи дека Државниот пазарен инспекторат секојдневно ги следи движењата на цените.

  • „Засега цените се во рамки на релативна пазарна стабилност. Нашата цел е да интервенираме само ако има потреба, односно економска оправданост. Кога ќе бидеме известени од ДПИ дека има девијантно однесување кај трговците, тогаш ќе постапиме“, изјави Дурмиши.

Владата ја следи инфлацијата. Осврнувајќи се на инфлацијата, министерот рече дека месечната стапка во октомври изнесува 0,4 проценти, додека годишната достигнала 3,3 проценти.

  • „Во еврозоната инфлацијата е четири отсто. Ние сме најдобри. Сепак, инфлацијата кај нас треба да биде под три отсто и очекуваме тоа да го достигнеме до крајот на годината“, рече Дурмиши.

Во однос на минималната плата, тој информира дека Владата работи на нејзино зголемување.

 

Најнови вести од: Бизнис

Басани од Светска банка: Народна банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите.

“Комерцијална” влегува во трка за купување на „Алта банка“

Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Доколку акциите не се продадат, предвидени се дополнителни аукции на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, при што почетната цена на секоја следна аукција ќе се намалува за 10 проценти во однос на претходната

Николоски пред Јапонската надворешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од регионот

На средбата истакна дека очекува продлабочување на односите меѓу двете земји, како во поглед на трговската размена, така и во поглед на инвестициите и другите форми на економска соработка.

Kомерцијална банка влегува во трката за Aлта банка – донесена одлука за учество на берзанската аукција

Комерцијална банка повторно покажува интерес за битолската банка, откако претходно се обиде да ја преземе, но не успеа да обезбеди доволна поддршка од акционерите.

Нови 735.000 евра од унгарскиот кредит ставени на располагање на домашните компании

Нови 735.000 евра се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компании, информираа од Министерството за финансии.

Најнови вести

To top