Македонија

Неофицијално:Ова е бизнисменот кој требало да биде цел на атентат од Македонија

Истрагата продолжува, а анализата на доказите треба да даде повеќе одговори

Грчкиот бизнисмен со еврејско потекло Авраам-Минос Мојсис, член на управниот одбор на одбранбената компанија „Интраком дифенс“, наводно бил цел на планиран атентат.

Според неофицијални информации, атентатот го подготвувала криминална мрежа поврзана со ирански структури, која била откриена во заедничка операција на македонските и грчките безбедносни служби.

Неговото име прв го објавил албанскиот медиум „Топ чанел“, по што информацијата ја пренеле и повеќе грчки медиуми, меѓу кои и угледниот „Катимерини“.

Според достапните неофицијални податоци, Мојсис бил избран за потенцијална цел поради неговата поврзаност со грчката одбранбена индустрија, како и со израелската компанија „Израел аероспејс индустрис“, која ја презела „Интраком дифенс“.

Сепак, надлежните институции сè уште официјално не потврдиле дека токму тој бил планираната жртва.

Македонската Агенција за национална безбедност на 17 ноември соопшти дека во соработка со грчките служби била разбиена мрежа која подготвувала терористички напад или атентат врз лице во Грција.

Според истрагата, групата дејствувала под директни инструкции на иранскиот државјанин Едрис Џахангири Маванех, а биле утврдени и врски со криминални структури, вклучително и со иранскиот криминален бос Наџи Шарифи Зиндашти.

Во рамките на операцијата биле приведени пет лица, додека по уште еден осомничен се трага. При претресите истражителите пронашле оружје, муниција, белешки и скица со означена локација, кои се предмет на понатамошна анализа.

Дополнителна неизвесност околу идентитетот на потенцијалната жртва внесе и изјавата на портпаролката на грчката полиција Константија Димоглиду, која за државната телевизија ЕРТ изјавила дека полицијата не располага со потврден идентитет на конкретната цел.

Мојсис претходно бил претседател на Еврејската заедница во Атина, а од јануари 2025 година е неизвршен член на управниот одбор на „Интраком дифенс“.

Истрагата е во тек, а се очекува дополнителната анализа на доказите да покаже каква точно операција била подготвувана и кој требало да биде нејзината цел.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Каква трагикомедија! СДС поднесува 225 амандмани за работи, кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила, или ги прави!

СДС поднесува амандмани за Буџетот за 2027 за работи кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила или ги прави, реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на прес – конференцијата на Оливер Спасовски од СДСМ.

(Фото): „Кој ви даде право да нѐ убивате“ – порака од протестот против насилството и фемицидите во Скопје

Насилникот кој ја претепа девојката во Битола в среда излегува од притвор, кажа денеска мајката на девојката, Бети Ангеловска, на протестот пред зградата на Владата во Скопје, во организација на „Ниту една повеќе“.

Во градинка одат помалку од половина од децата во Македонија на возраст до шест години!

„Иако предучилишното образование е важно за раниот развој на децата, во Македонија помалку од половина од најмладите се опфатени со него. УНИЦЕФ предупредува дека до 2032 година треба да се обезбедат уште 19.000 места во градинките за да се достигне националната цел.“ – објави „Плус инфо“.

Одржливиот туризам во фокусот на глобалната агенда: Турција ја предводеше дискусијата на COP31

Преку активностите во рамките на COP31, Министерството за култура и туризам на Турција и Турската агенција за промоција и развој на туризмот имаат цел дополнително да ја зајакнат меѓународната позиција на земјата како дестинација посветена на одржливиот туризам.

„Н.М.“: Компромис со Бугарија не може да се прави со идентитетски прашања! Уставните измени не ја затвораат вратата за нови вета и барања!

„Брисел врши нова форма со нов лик за притисок: генералниот директор за проширување и источно соседство во ЕК Герт Јан Копман е на иста линија со Софија!“ – се нагласува во анализата со наслов „Брисел со нова форма и нов лик за притисок“, која е објавена денеска во весникот „Нова Македонија“.

To top